Browsing: СВЕТ
Нови санкции од Европската Унија за Русија стапија во сила со блокирање на кредитите за пет големи државни банки и преку спречување на бизнисите со Европа
Јужноафриканскиот атлетичар Оскар Писториус не може да биде осуден за убиство со предумисла на својата девојка Рива Стинкамп рече судијката во судскиот процес против него. Конечната пресуда не е донесена, а судењето ќе продолжи и утре
Поранешната грчка амбасадорка во Скопје Александра Пападопулу е назначена за нов претставник на Грција во Европската унија, на местото на амбасадорот Теодорос Сотиропулос
Во Босна и Херцеговина во тек е голема полициска акција во која е уапсен министерот за земјоделство и вицепремиер на босанската влада, Јерко Иванковиќ Лијановиќ, неговиот брат Младен кој е пратеник во Парламентот, кои се сопственици на фабриката за месна индустрија „Лијановиќ“, како и министерот за трговија Милорад Бахиљ
Унгарската влада направи уште еден чекор кон заплашување на граѓанското општество се вели во извештајот на Хјуман Рајтс . Во понеделникот, во утринските часови, десетина полицајци упаднаа во канцелариите на две невладини организации во Будимпешта
Силна експлозија во фабрика за хемиски производи го потресе вчера германскиот грaдот Ритерхуде. Инцидентот се случи синоќа околу 20: 55 по локално време
Малезискиот авион кој се урна во Украина се распаднал на делови уште за време на летот, откако бил погоден со бројни објекти со голема брзина, стои во извештајот објавен денеска во Холандија
Швајцарија му гарантира сигурност на Едвард Сноуден доколку дојде да сведочи за шпиунските активности на НСА(Агенција за национална сигурност на САД), известуваат швајцарските медиуми
Холандскиот одбор денеска треба да го објави првичниот извештај за причините за падот на малезискиот лет МХ17 во источна Украина во јули годинава, при што загинаа сите 298 патници. Истражувачите веќе соопштија дека тие нема да именуваат виновник, туку дека ги истражуваат причините за несреќата
Во маневрите ќе учествуваат и претставници од пет држави – Грузија, Романија и Турција како и единица за специјални операции на НАТО во која ќе бидат канадски, шпански и романски бродови
Новите мерки беа одобрени од страна на лидерите на ЕУ на 5 септември на маргините на Самитот на НАТО во Велс
Синоќа спасувачките екипи го извлекле телото и на последниот од загинатите рудари. Окното на рудникот Распоточје се урна во петокот по слабиот земјотрес што го погоди тоа подрачје