Прво гренслем полуфинале на 34 години: Стрицова закажа меч со С. Вилијамс на Вимблдон

Чешката тенисерка во четврт-финалето ја порази Британката Џоана Конта со 7:6, 6:1, Американката беше подобра од сонародничката Алисон Риск со 6:4, 4:6, 6:3. Во второто полуфинале на женскиот турнир во Лондон ќе играат Симона Халеп и Елина Свитолина. Денеска ќе познати и машките полуфиналисти на „All England Club“. Ѓоковиќ ќе игра против Гофан, Федерер со Нишикори, Надал со Квери, а Пелја со Баутиста Агут

Ги оправдаа статусите во Лондон: Барти и Кербер со моќен старт на Вимблдон

Австралијката, која е водечка на ВТА листата и прва носителка на гренслемот, во првото коло славеше над Кинеската Женг со 6:4, 6:2. Германката која, пак, е бранителка на титулата ја елиминира сонародничката Татјана Марија со 6:4, 6:3

Втор ден на Вимблдон: Федерер загуби сет, Надал како фурија, збогум за Тим

Швајцарецот го загуби првиот сет со 3:6 по што уфрли во поголема брзина и со 6:1, 6:2, 6:2 направи целосен пресврт во мечот со Херис од Ј. Африка, Шпанецот славеше над Сугита од Јапонија со 6:3, 6:1, 6:3, а Квери елиминира Австриецот со 6:7, 7:6, 6:3, 6:0

Најмладата „удри“ на највозрасната на Вимблдон: Коко Гоф ја испрати В. Вилијамс дома

Американската тинејџерка од САД е атракција на првиот натпреварувачки ден на гренслемот во Лондон по сензационалниот триумф над трофејната ветеранка со 6:4, 6:4. Во второто коло ќе игра против Магдалена Рибарикова од Словачка

Соработка за титула: Иванишевиќ како советник на Ѓоковиќ на Вимблдон

Соработката меѓу Иванишевиќ и Ѓоковиќ е плод на нивното долгогодишно пријателство и засега е неформална и краткорочна. Меѓусебниот договор е постигнат за првата натпреварувачка недела на турнирот по што, како што објавуваат медиумите, Хрватот ќе мора да замине од Лондон поради неодложни обврски

Билети за Вимблдон: На тенис до кралицата за 115.000 евра

„Подгответе се. Во четврток почнува продажбата на најскапите влезници за некој спортски настан во светот“, напиша британски „Гардијан“. Местата (2.520 на број) за боксовите околу кралската ложа ќе се продаваат за периодот од 2021 година до 2025 година по цена од 100.000 фунти и се очекува да пламнат за неколку часа

ФА Куп: Третолигашот Вимблдон му пресуди на Вест Хем, Милвол го исфрли Евертон

Фенерџијата во англиската Лига 1 го елиминира составот на Мануел Пелегрини по триумфот со 4:2, членот, пак, Чемпионшип дивизијата ги порази популарните „карамели“ со 3:2 во меч на кој му претходеше дивеење на домашните навивачи кои притоа се судрија и со полицијата