Browsing: фудбал

Порака со ваква содржина е истакна на стадионот „Тумба“ во Солун, па останува да видиме дали овој дел од кореографијата на домашните навивачи ќе влезе и во бележникот на делегатот што ќе значи и поведување на дисциплинска постапка и парична казна за грчкиот клуб

Кипарски АЕК Ларнака славеше во Софија со 4:0, сите четири гола беа дело на македонскиот репрезентативен крилен напаѓач. Малатијаспор, пак, славеше во Љубљана со 1:0 со голот на македонскиот интернационалец за пласман во третото коло. Меѓу стрелците и екс вардарецот Јасир Асани, но неговиот Партизани е елиминиран од Шериф Тираспол

Тимот од Луксембург одигра 1:1 против тетовци и на својот стадион „Жоси Бартел“ и благодарение на триумфот со 2:1 на арената „Тоше Проески“ ги закопа „црвено-црните“ во, веројатно, најочајните меѓународни изданија во нивната клупска историја. Немоќта на тетовци се преточи во тешка фрустрација на гостувањето во Луксембург за што говорат и трите исклучувања, па тимот на Ќатип Османи го заврши мечот со седум фудбалери во поле. Висар Муслиу во 85. минута по вторпат пожолте, а директни црвени картони добија Валмир Нафиу и Агим Ибраими во судиското надополнување на средбата

Играчот за врска договори едногодишна соработка со црногорскиот првак од Никшиќ што е четврта интернационална станица во неговата кариера. Претходно играше за Осиек во Хрватска, за Сепси во Романија и за Лариса во Грција

Поранешниот југословенски репрезентативец на работното место во Подгорица го наследува од Љубиша Тумбаковиќ кој доби отказ од тамошната федерација, откако одби да го води националниот тим против Косово во квалификациите за Европското првенство во 2020 година

Тој, претпладнево, ги мина лекарските прегледи кај наполитанците и се стави на располагање на менаџерот Карло Анчелоти. Успешно завршениот трансфер го потврди и самиот преку социјалните мрежи на кои постира фотографија во опрема на „небесно-сините“ од „Сан Паоло“

Но, дотаму, како пречка, за тетовските „црвено-црни“ стои Диделанж. Првиот меч на македонскиот шампион со ланскиот учесник во групната фаза во ЛЕ е попладнево од 17.55 часот во Скопје, реваншот е на 30 јули (17.55 ч.) на стадионот „Жоси Бартел“ во Луксембург

Алжир го совлада Сенегал со 1:0 во финалето на Купот на Африкански Нации во Египет за невидена еуфорија во земјата, но и судири со полицијата во неколку француски градови. Во текот на ноќта во Париз беа уапсени 102 лица од кои, според извештајот на Министерството за внатрешни работи, 86 завршија во притвор. Француските власти наведуваат дека низ целата земја биле уапсени 198 лица од кои 177 останале во притвор