НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со одлука на Влада: Еднострано раскинат договорот за рудникот „Иловица“

0
By Нова ТВ on December 17, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еднострано раскинување на договорот за концесија и експлоатација на руди на бакар и злато на локалитетот „Иловица“ во општина Босилово е само една од неколкуте одлуки што се донесоа на 171. седница на Владата што се одржа вчера во Куманово. Како причина за тоа, како што наведуваат од владината прес-служба, е наведено дека концесионерот и по четири години од склучување на договорот немал поднесено барање со целосна неопходна документација за издавање на дозвола за експлоатација на минерални суровини.

Одлуката на Владата ќе стапи во сила во првиот нареден ден по објавување во „Службен весник“. На тој начин, автоматски ќе престане важноста на одлуката за доделување концесија за експлоатација на минерална суровина – руди на бакар и злато на Друштвото за производство, промет и усуги „Фелпс Доџ Вардар ДООЕЛ“ од Скопје. Договорот со фирмата беше потпишан во 2014 година, а во 2015 година беше додаден и Анекс.

Рудникот „Иловица“ го следеа контроверзи од почеток. Општина Босилово во 2017 година распиша и референдум на кој жителите имаа прилика да се изјаснат „за“ или „против“, но изразувањето на волјата беше неуспешна. На 19-те гласачки места, сепак, не излегоа потребните 6.151 граѓанин за исполнување на законскиот цензус и изразената волја да биде легитимна.

Таквиот исход за невладината организација „Здрава котлина“, која беше иницијатор за референдумот, беше катастрофален и срамен и најавија искористување на сите законски инструменти за стопирање на рудникот за бакар и злато кај Иловица. Меѓу нив и поднесеното барање до Владата и сите други институции за ревизија на проектот, но и останати студии кои се преполни со штетни работи по човечкото здравје и природата.

Две недели подоцна за рудникот „Иловица“ на Огражден, како последни во југоисточниот регионот, се изјаснија и жителите на Ново Село и тоа неуспешно. За разлика од нив, од Босилово и од Валандово, каде референдумите пропаднаа, во Гевгелија, во Богданци и во Дојран рекоа „не“ за рудници. Освен „Иловица“, рудник е планиран и на локалитетот Казандол. Граѓаните од овој регион стравуваа дека технологијата за преработка на продуктите од бакар и злато која подразбира користење на цијанид и солна киселина ќе стави неповратни последици по животната средина, особено почвата во регионот познат по земјоделието.

На тоа се надоврзаа и протестни маршеви во Скопје, во Валандово и во Струмица и покрај уверувањата на концесионерот дека нема да користи цијанид и сулфурна киселина во работата на рудникот „Иловица“.

Владата во јуни оваа година најави преиспитување на исполнувањето на правната основа за „Иловица“ и веќе наредниот месец ја одзеде концесијата.

Влада Договор Иловица протести Раскинување Референдуми рудник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.