Author: Sashko

Меѓу присутните на денешниот протест пред Владата против францускиот предлог за кревање на бугарското вето и отпочнување на пристапните преговори на Македонија за членство во Европската Унија (ЕУ) беше и поранешниот претседател, Ѓорѓе Иванов во друштво на неговиот син. Иванов не беше меѓу говорниците, но својот став го сподели претходно на социјалните мрежи. За него, „францускиот предлог во форма каква што е“ е неприфатлив. „Република Македонија со вакво „решение” ќе биде втурната во правна, политичка и историска бездна. Македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство. Човечкото достоинство и стекнатите права се црвените линии кои не смее да се преминат.…

Read More

Ново убиство на Афроамериканец во САД. Жртва е 25-годишниот Џејланд Вокер кон кого полициски службеници испукале десетина куршуми додека се обидувал да побегне, изјави адвокатот на семејството на убиениот кој се повикува на полициската снимка која треба да биде објавена утре. Официјални лица изјавија дека инцидентот настанал при обид на полицајците да го запрат Вокер поради сообраќаен прекршок. Вокер веднаш се дал во бегство, а полицајци од Акрон пријавиле дека од возилото на осомничениот бил испукан пиштол. Во денешниот коментар објавен во „Акрон Беком Журнал“, адвокатот Боби Дисело го опишува видео материјалот како брутален и кажа дека роднините на Вокер се…

Read More

Македонскиот народ се буди и нема да им заборави на сите оние кои сакаат со потпис за ден – два да стават крај на Македонија. Не нѝ треба Европа, ако треба да се асимилираме, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од вечерашниот сенароден протест пред платото на Влада под мотото „Ултиматум – Не благодарам“. „Јас не сакам да бидам во Европа, затоа што имам право да бидам Македонец, кој говори на македонски јазик и кој се бори за својата Македонија, за својот идентитет, за својата култура, за својата историја и за своето наследство. Тоа е она што сакам денеска да…

Read More

Во Јужното Кинеско Море е во тек спасувачка мисија, откако тајфунот Чаба преполови товарен брод со 30 членови на екипажот, јавија кинеските медиуми. Спасувачките тимови досега спасија само тројца членови на екипажот на бродот кој тонеше на 300 километри западно од Хонг Конг. Засега е непозната судбината на останатите 27 членови на екипажот, јави South China Morning Post. Весникот наведува дека бродот „Фуџинг001“, кој пловел под кинеско знаме, рано утринава побарал помош, кога тајфунот се спуштил врз него. Видео снимка од спасувањето покажува како еден член на екипажот со јаже од хеликоптер е извлечен од бродот, непосредно пред да потоне под…

Read More

Четиринаесетгодишнно момче попладнево се удавило во водите на Беровско Езеро. Екипи на ОВР Берово се излезени на местото на несреќата и повеќе од еден час го пребаруваат теренот околу Беровско Езеро. Телото на младото момче сè уште се бара во водата, а се очекува во секој момент да пристигне и нуркачка екипа.

Read More

Македонската ракометна репрезентација ги доби ривалите за Светското првенство кое следната година ќе се игра во Полска и Шведска. „Црвено-жолтите ќе играат во групата Ф со селекциите на Норвешка, на Холандија и на Аргентина. Состав на групите за СП 2023: Група А: Шпанија, Црна Гора, Чиле, Иран Група Б: Франција, Полска, Саудиска Арабија, Словенија Група Ц: Шведска, Бразил, Африка 2, Уругвај Група Д: Исланд, Португалија, Унгарија, Јужна Кореја Група Е: Германија, Катар, Србија, Африка 5 Група Ф: Норвешка, Македонија, Аргентина, Холандија Група Г: Африка 1, Хрватска,Африка 3, САД Група Х: Данска, Белгија, Бахреин, Африка 4 Македонците во првата групна фаза ќе играат во Краков. Мундијалот ќе се игра…

Read More

Протоколот, кој е усогласен меѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, да не се потпишува, бидејќи е контроверзен и ѝ овозможува на Бугарија директно да се меша во внатрешните работи на Македонија, особено во идентитетските, во историските и во образовните прашања, укажуваат од Демократскиот сојуз (ДС), партија која е дел од широката владеачка коалиција. „Протоколот треба што поскоро да се објави за да можат граѓаните и експертите да го разгледаат. Воедно укажуваме дека за пакетот во кој се содржани повеќе предлог документи, преговарачката рамка, заклучоците на Советот на ЕУ, Акционен план, годишни прегледи и протокол, треба да…

Read More

Украинските сепаратисти кои имаат поддршка од Русија тврдат дека целосно го опколиле клучниот град Лисичанск во источниот регион Луганск. „Народната полиција на Луганск и руските сили ги зазедоа последните стратешки брда што нѝ овозможува д потврдиме дека Лисичанск е опколен во целост“, изјави портпаролот на сепаратистичките сили, Андреј Марочко за новинската агенција ТАСС. Заземањето на градот ќе им овозможи на Русите да се пробијат во длабочина во поширокиот регион на Донбас, кој стана жариште на нивната офанзива по неуспешниот обид за освојување на Киев. Русија пред некој објави дека ја зазела рафинеријата во Лисичанск која се наоѓа на повеќе од…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерката за одбран Славјанка Петровска и амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мери Брнз, денеска го посетија носачот на авиони „Хари С. Труман“, воен брод со капацитет да носи 90 авиони или хеликоптери и носивост од 100.000 тони.Ковачевски изјави дека е особено горд на посетата со која, како што вели, ја демонстрираме поддршката за операциите на американските поморски сили во Европа. „Со нашето присуство на носачот на авиони „Хари С. Труман“, дел од НАТО флотата на Медитеранот го демонстрираме нашиот и капацитетот на нашите стратешки партнери, одбранбен капацитет, кои се дел од системот на Алијансата.…

Read More

Невреме, проследено со обилни врнежи од дожд, силен ветар и грмежи, попладнево го зафати Скопје. Како последица на силниот ветар, во Чаир се забележани неколку откорнати дрвја и искршени гранки, фотографии какви што се споделуваат по социјалните мрежи. Засега нема информации за причинета материјална штета.

Read More

На периферијата на Суботица утрово дошло до вооружена пресметка меѓу мигранти и според првичните информации, едно лице им подлегнало на повредите, а седуммина се повредени, јави дописникот на МИА од Белград. Меѓу повредените мигранти, кои се згрижени во болницата во Суботица, има и 16-годишно девојче чиј живот е во животна опасност. До судирот меѓу двете ривалски групи на мигранти дошло, најверојатно, поради расправија кој ќе ги шверцува мигрантите преку блиската српско-унгараска граница. Најмалку 15 возила на жандармеријата и полицијата се излезени на терен. Полицијата ги блокирала приодите до шумата каде се случила пресметката, а на местото на конфликтот е пристигнат…

Read More

Точките поврзани со статусот на македонскиот јазик покажуваат дека самостојноста и оригиналноста на македонскиот јазик се испочитувани и дека македонскиот јазик станува еден од официјалните јазици во Европската Унија, констатира Советот за македонски јазик (СМЈ), кој денеска на вонредна седница го разгледал официјалниот предлог кој Владата го објави вчера на својата веб-страница. „Советот за македонски јазик смета дека нашата држава и сите високообразовни и научни установи во овие нови околности треба да се залагаат и да работат врз натамошна афирмација и еманципација на македонскиот јазик во европски и во светски рамки. Ова значи дека како државна политика треба да се…

Read More