Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од 2018 година ЕУ воведува европско обвинителство

0
By Светлана Јовановска on June 8, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дваесет држави на ЕУ влегуваат во амбициозен проект и креирање на европско обвинителство. Негова задача ќе бидат истраги за финански криминал во земјите учеснички во проектот.

Помеѓу земјите учеснички се и повеќе земји од нашиот регион како Бугарија, Грција, Хрватска, Словенија или Романија.

Министрите за правда на овие 20 земји денес ја договорија улогата и надлежностите на ова обвинителство чие што седиште ќе биде во Луксембург. Креирањето на оваа институција е во рамките на зајакнатата соработка помеѓу земјите членки на ЕУ.

Целта на обвинителството е да води истраги но пред се да ги координира истрагите кои се водат во 20те земји учеснички во овој проект.

Тоа значи дека нема да се води истрага за ист случај во повеќе земји членки. Истовремено тоа ќе значи и зголемување на бројот на истрагите за да се дојде до повеќе пресуди и поефикасно враќање на парите од европските фондови кои биле злоупотребени и довеле во финансиски криминал.

ОЛАФ, ЕУ Бирото за борба против корупцијата кое веќе постои може да води истраги но нема надлежности кои би дозволиле оштетените земји членки да можат да ги вратат парите од корупцијата.

Во ЕУ обвинителството учестуваат Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Германија, Грција, Шпанија, Естонија , Финска, Франција, Летонија, Литванија, Луксембург, Португал, Романија, Словенија, Словачка, Италија, Белгија и Австрија.

Обвинителството почнува да работи во текот на 2018 година или најдоцна на почетокот на 2019 година.

Оваа институција можеби ќе го преземе случајот “Актор”. Случај за кој ОЛАФ ја казни грчката компанија „Актор“ со 50 милиони евра поради измама и перење пари при изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица.

Австрија Белгија Бугарија Германија Грција европско обвинителство Естонија Италија Кипар Летонија Литванија Луксембург Португал Романија Словачка Словенија Финска Франција Хрватска Чешка Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.