Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој со какви ставови влегува на координација за името

0
By Влатко Чаловски on January 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Прозорец на можности“ е терминот кој струи во јавноста кога се опишуваат обновените македонско-грчки односи по прашањето за името, како во двете земји, така и во Европа.

За каква нова можност станува збор денес ќе дискутираат претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на координација во Клубот на пратеници.

Медијаторот Метју Нимиц, на 17.јануари, по завршувањето на последната рунда преговори со преговарачите на двете земји Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, во Њујорк рече дека дал нов предлог кој е всушност комбинација од неговите стари идеи, по што тој сега е во рацете на домашните фактори на разгледување.

Денешната координација ќе биде прва, но кој со каков став ќе влезе од Клубот на пратеници, анализираме од нивните најсвежи изјави.

Владиниот врв оптимист дека решението е на повидок

Премиерот Зоран Заев, непосредно по последните преговори, ги повтори ставовите дека кај земјите има голем простор за оптимизам за затворање на проблемот кој тежнее над Македонија над две децении и кој ја блокира државата во своите евроинтеграциски аспирации.

„Јас сум оптимист, верувам дека помеѓу две земји, кои се пријатели и имаат намера да бидат уште поблиски, ќе се изнајде решение каде ќе се сочува достоинството на двете страни, а ќе биде придобивка за граѓаните на двете земји“, рече тој.

Заев не го криеше оптимизмот со кој влезе и на средбата со грчкиот колега Алексис Ципрас неодамна во Давос, а за прикажување на подготвеноста во пракса, соопшти дека автопатот Е-75 (Александар Македонски) и аеродромот во Скопје (Александар Велики) ќе се преименуваат, како процес кој треба да покаже дека Скопје нема иредентистички побуди кон Атина.

Слични се и изјавите на шефот на македонската дипломатија, Димитров кој постојано во своите изјави апелира дека оваа нова шанса за влез во ЕУ, не смее да се испушти.

ВМРО-ДПМНЕ за сега воздржан, но прифаќа дека решение е нужно 

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, главно инволвиран во партиската политика за надворешни работи, при неодамнешното гостување во Студио на НОВА, порача дека партијата смета дека освен НАТО и ЕУ за Македонија нема друга алтернатива, но дека за решението да биде прифатливо, мора да биде во рамки на Уставот и да не го загрозува идентитетот на државата.

„Решението не треба да значи промена на Уставот и ниту на еден начин не треба да го загрозува македонскиот национален идентитет и македонскиот јазик и трето, решението треба да биде прифатено на референдум“, рече Николовски, дополнувајќи дека за две од овие работи имаат согласност со ставовите на Владата.

Партијата исто така реагираше дека ставовите ќе ги гради генерално откако ќе го видат предлогот, што значи ставот на опозицијата сигурно ќе се гради по утрешната координација, на кој ќе учествува претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.

ДУИ влегува на координација со поддршка за влез во НАТО

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети веројатно веќе има изградено став како дел од владината коалиција со СДСМ, но истиот како официјален не е преточен во изјави за медиумите, бидејќи Ахмети по последната рунда преговори нема кажано ништо во однос на името.

Но, ако се земат предвид ставовите на ДУИ кои секогаш се залагале за влез во НАТО и ЕУ, а условот за влез во овие организации кои треба да донесат стабилност и просперитет за Македонија, нема да се згреши ако се претпостави дека ДУИ ќе се држи до ставот на владиниот партнер за изнаоѓање на прифатливо решение до јули годинава.

Затворањето на ова прашање важно и за Иванов кој наближува кон крајот на својот мандат

Претседателот Иванов последните неколку месеци е поактуелен со своите постапки за Законот за употреба на јазиците, амнестирања, безбедноста…но тоа не треба да значи дека и тој нема интерес за решение на проблемот со името, бидејќи ќе си замине како претседател кој бил дел од националниот консензус во период кога Македонија е на прагот за влез во НАТО и ЕУ.

Тој пак, пред народните претставници за време на своето годишно обраќање во Парламентот, рече дека ниту е оптимист, ниту е песимист, туку е реалист за ова прашање.

„Поради моето осумгодишно искуство, јас не сум ниту оптимист, ниту песимист, туку реалист со искуство. Реалноста е дека решението за прашањето на името стана заложник на бирократијата на НАТО и ЕУ. Затоа, решение за разликата околу името со Грција може да се бара само во рамките на Обединетите нации, каде сме рамноправни“, рече во годишното обраќање Претседателот на државата.

Тој ја поздрави и конструктивноста во мерките за градење доверба меѓу Република Македонија и Грција и повика на натамошно проширување со нови содржини.

Ветар во грб за решение и од Грција и од Европа

Што и да заклучат утре политичките фактори, сигурно при расправата ќе ги имаат предвид изјавите на Метју Нимиц, Јенс Столтенберг, Алексис Ципрас и пораките од европски претставници.

За првпат може да се каже дека за разлика од изминатите десетина години, кога процесите меѓу двете земји беа закочени, сега сите инволвирани се оптимисти.

Утрешниот заклучок, кој ќе биде претставен пред Нимиц кога ќе ја посети Македонија, може да биде клучен за тоа каква ќе биде годината за Македонија.

Александар Николовски Али Ахмети Влада ВМРО-ДПМНЕ Грција Ѓорѓе Иванов ЕУ Зоран Заев името Јенс Столтенберг координација Македонија Метју Нимиц НАТО Никола Димитров решение Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.